Барди ќе тренира индивидуално, чека негативен тест

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски изјави дека Енис Барди од денеска ќе почне да тренира индивидуално, но се додека не добие негативен тест на коронавирус нема да може да им се приклучи на репрезентативците.

„Денеска му истекува изолацијата на Барди и тој ќе може да одработува индивидуални тренинзи. Не смее да се меша со нас, но ќе може да работи индивидуално. Се надеваме дека ќе добие негативен тест и што побрзо ќе биде со нас“, изјави Ангеловски. 

Стефан Спировски кој исто така се пожали на ситна повреда, денеска максимално го одработил тренингот и ќе биде подготвен за утрешниот меч против Казахстан, додека Ферхан Хасани по повредата која ја заработи на носот ќе биде надвор од тимот како не би се ризикувало дополнителна повреда.

„Спировски е одличен го одработи тренингот и ќе настапи утре. Хасани има напукнатина на носот, работеше на тренингот, но без контакт и ќе мора да го одмориме за да биде подготвен за шампионатот“, додадек Ангеловски.

Се вчитува...