ЕКИПА во Букурешт,
Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)
Македонија загуби од Австрија со 3-1 на отворањето на Европското првенство. Енис Барди по мечот вели дека иако одиграле добро, Австријците беа подобри во клучните моменти.
„Мислам дека беше добар натпревар за нас. Тежок меч, но очекувавме да биде така. Во некои моменти бевме подобри од нив. Тие подобро ги искористија шансите кои ги имаа. Даваме сè од себе. Мора да продолжиме, имаме шанси до крајот на првенството. Сега треба да се одмориме добро и да видиме каде ни се грешките. Секој противник ни ги анализира слабите точки. Да ги одмориме главите и телото и да мислиме на Украина. Ќе играме за да дадеме повеќе од овој меч. Ни фали малку за да бидеме поопасни во напад. Им благодарам на сите што дојдоа. Тие се 12-ти играч за нас“, изјави Барди.
Македонија сега ја очекува мечот од второто коло против Украина кој се игра на 17. јуни исто така во Букурешт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА