Фудбалската репрезентација на Македонија со дуелот против Малта на домашен терен вечерва ги отвора квалификациите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија.
Еден од најдобрите фудбалери Енис Барди пред мечот со аутсајдерот Малта вели дека повторно се големи амбициите иако групата е многу тешка.
„Според последните резултати на овој тим, пласман на Европско првенство, финале во баражот за настап на Светскиот шампионат амбициите сигурно се големи. Но, сето тоа мораме да го заборавиме и да се фокусираме на тоа што не очекува. Посебно за овој прв натпревар со Малта. За нас е многу важно да почнеме со победа бидејќи нашата цел во оваа тешка група е да забележиме што е можно повисок пласман. Знаеме дека можеме да играме против сите репрезентации, но на секој натпревар мораме да одиграме најдобро што можеме”, изјави Барди.
Натпреварот кој ќе се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје е со почеток во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА