Досегашните „заминувања“ на Енис Барди од Трабзонспор, се сведуваа на шпекулации и на непотврдени информации, а сега се појави нова во која се чини македонскиот репрезентативец е пред заминување од минатогодишниот турски шампион.
Наводно Трабзонспор стапила во преговори со грчкиот интернационалец Димитрис Пелкас, кој треба да биде замената за Барди. Сегашниот играч на Фенербахче би дошол во Трабзон, но прво екипата треба да го продаде македонскиот интернационалец, односно да најде купувач, а потоа трансферот на Гркот да се оствари.
Токму парите кои ќе ги добие од Барди (се шпекулира со сума од 2,5 милиони евра), треба да ги насочи кон Пелкас, а од Трабзон се надеваат дека тоа ќе се случи во следните денови, пишуваат турските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА