Барди: Научивме многу од првиот меч, сега очекувам да биде поинаку

ЕКИПА во Прага
Горан Бошев

ФОТО: Роберт Спасовски

Македонскиот национален тим утре ја очекува натпревар со Украина во 6. коло во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година во Германија.

Капитенот на репрезентацијата Енис Барди кажа дека без разлика на противникот, важно е утре како Македонија ќе одигра на овој меч.

„Украина има доста квалитетни играчи без разлика на тоа кој ќе игра за нив и не се фокусираме на нивните отсуства. Се фокусираме само на нашата игра и да се покажеме во светло издание“, рече капитенот Барди.

„Зборуваме секогаш за нашите аномалии, зборуваме за тој менталитет што сакаме да го промениме, и мислам дека сега ќе биде подруго, и да се фокусираме сега, научивме доста од тоа што беше порано, сега да се фокусираме на сегашноста, и мислиме само за утрешниот меч.“, вели Барди.

Се вчитува...