ЕКИПА во Вадуц
Горан Бошев
Енис Барди, капитенот на македонскиот национален тим на прес-конференцијата во Вадуц пред натпреварот со Лихтенштајн, ги искажа своите очекувања на првиот дуел во рамките од квалификациите за идниот Мундијал.
Играчот од средниот ред истакна надеж дека Македонија ќе ја продолжи серијата на добри резултати.
„Се подготвивме доста добро, сакаме да ја продолжиме таа серија и тој менталитет. Мислам дека сите сме свесни што не очекува, и дека многу важни натпревари не очекуваат, утре е нешто ново за сите нас и да ја однесеме Македонија онаму каде што сакаме. Секогаш кажувам дека во фудбалот нема фаворити, во денешниот фудбал не може да се каже дека си фаворит или послаб или посилен. Нашата работа е да бидеме како тим, и после некои детали да додадеме позитивни работи, и најважно е да земеме три бода“, рече Барди, и притоа надополни:
„За победа ќе ни треба енергија, желба, и мислам дека на крајот ќе дојде резултатот. Имаме квалитет кои може да донесе квалитетни работи, само да влеземе на мечот со 100% концентрација, да нема потценување кон никого“, изјави Барди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА