Трабзонспор славеше на големото дерби против лидерот на табелата Фенербахче, со што тимот на нашиот Енис Барди се врати во трката за титулата.
Македонскиот репрезентативец влезе во игра во второто полувреме и даде свој придонес за победата, а по мечот Барди јасно стави до знаење дека шпекулациите за заминување од Трабзон не допираат до него и дека тој е целосно фокусиран на иднината во сегашниот клуб.
„Пресреќни сме што победивме, триумф над првопласираниот тим на табелата е голема работа. Тоа е нашата цел – да победиме на секој меч, да се бориме од почеток до крај. Знаеме дека борбата за титулата е тешка, но ние не се откажуваме. Ривалите треба да знаат, ние во Трабзон сме подготвени за борба“, изјави Барди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА