Барди: Не смееме да помислиме дека натпреварот е однапред добиен

Македонскиот национален тим утре во 18:00 часот го очекува натпреварот со Лихтенштајн, во кој сите очекуваат освојување на три бода, и задржување на курсот кон Мундијалот идната година.

Капитенот Енис Барди на денешната прес конференција, истакна дека мотивот утре ќе бидат трите бода, кои може да донесат многу во овие квалификации.

„Ќе ни биде тежок натпревар, и таму ни беше тежок меч додека го постигнеме првиот гол. Мислам дека сме свесни што не очекува и направивме анализи да ги поправиме некои моменти, слабости кои се видоа низ минатите мечеви. Најважно е да освоиме три бода, и да го завршиме овој собир на првото место. Секогаш кога се игра за Македонија, не ни требаат дополнителни мотиви. Нас не води мотивот да дојдеме до три бода на табелата. Овие три бода може да ни донесат многу добро нешто. Прво одиме чекор по чекор, сега сме фокусирани само кон утрешниот меч, а потоа ќе мислиме за Белгија и другите натпревари. Не смееме да помислиме дека натпреварот е однапред добиени, секогаш треба да се даде максимум на терен“, вели Барди.

Се вчитува...