Леванте го доживеа и седмиот пораз сезонава во Ла Лига, неочекувано на домашен терен од Осасуна минимално со 0-1.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди не го стартуваше натпреварот, Леванте го почна дуелот резервирано па гостите постигнаа гол во 74. минута преку Будимир за победа од 0-1.
Барди во игра влезе во 65. минута од средбата, неговиот тим имаше можност барем за бод но Моралес во 78. минута не успеа да реализира удар од белата точка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

