ЕКИПА во Белек,
Никола Ѓуровски
Енис Барди ја доби довербата на селекторот Ангеловски и се најде во стартниот тим на репрезентацијата за дуелот со Финска. Фудбалерот за врска одигра солидно, иако и самиот е искрен и реален, потенцирајќи дека проблем за него, но и за дел од соиграчите, е малата минутажа што ја имаат во своите клубови.
„Одигравме во рамките на можностите што ги имаме во овој момент. Мора да се признае дека дел од фудбалерите, меѓу кои сум и јас, имаме проблем со минутажата и тоа и се виде на дуелот со Финска. Но, токму затоа се овие натпревари, да се воиграме и да напреднеме за Лигата на нации. Се надеваме на подобра игра и триумф против Азербејџан“ – изјави Барди по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА