Барди: Никогаш не замислував дека ќе одиграм 126 меча за Леванте

Фудбалерот на Леванте, Енис Барди со одиграни 126 натпревари за клубот од Валенсија, стана четвтиот играч со најмногу натпревари за клубот, бројка за која тој кажа дека не замислував да ја постигне кога дошол во овој тим.

„Горд сум што сум дел од овој клуб, и што одиграв толку натпревари и да бидам во друштво со Педро Лопез, Роџер Марти, Хозе Моралес и Хуанфран Гарсија. Претходно му кажав и на Педро дека не замислував дека ќе имам толку многу натпревари“, рече Барди во изјава за клубот.

Тој дополни дека Леванте сега го чувствува како свој клуб, со надеж дека тимот ќе дојде до првата победа во сезоната.

„Од натпреварот со Алавес ние сме многу подобри и се обидуваме да го извлечеме најдоброто од нив. Убедени сме дека ќе ги оствариме амбициите сезонава“, изјави Барди.

Се вчитува...