Фудбалската репрезентација на Македонија многу подобро го стартуваше второто полувреме на гостувањето кај Фарските острови во првиот натпревар од новата сезона во Лигата на нации.
Откако по првото полувреме имавме негатива од 0-1 по сомнителниот пенал од 8. минута кој го реализираше Давидсен, нашите фудбалери на ист начин, од белата точка успеаја да израмнат на 1-1.
По фаулот на домашниот репрезентативец над Исник Алими во шеснаесетникот, беше досуден пенал кој сигурно го изведе капитенот Барди во 49. минута.
Enis Bardhi equalizer! Faroe Islands 1-0 North Macedoniapic.twitter.com/sBjs1igYka
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 7, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА