Македонскиот репрезентативец Енис Барди не го крие задоволството од извонредната своја вечер во победата од 1-3 на Леванте на гостувањето против Атлетик Билбао.
Барди, првпат како стартер за Леванте по цели четири месеци, постигна два извонредни гола од слободен удар за само три минути, со кои ја најави победата за својот тим…
„Новиот тренер на Леванте и неговите поуки имаат големо значење за мене и за мојот фудбалски напредок последниов период… Сакав да ја искористам укажаната шанса со настапот во првиот тим, и успеав. Секако дека ова беше моја најубавата вечер од кога сум дојден во Леванте. Никогаш нема да ги заборавам тие неколку минути, но пресреќен сум и што стигнавме до победата“ – вели Барди, притоа дополнително објаснувајќи ги двата погодоци…
„За првиот гол бев во потешка позиција, бев на страна и преблиску… Но, успеав да го изненадам противничкиот голман кој очекуваше центаршут. А вториот гол веќе точно целта беше горниот агол… Сепак, уште еднаш ќе кажам, дека наспроти головите најважно е што ги освоивме трите бода а сега порелаксирано се насочуваме за натпреварот против Севилја“ – дополнува македонскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА