Барди, па Чурлинов – Македонија води 3-0 и веќе ги запиша трите бода (ВИДЕО)

Македонската репрезентација е многу блиску до победа во пресметката со Лихтенштајн, откако многу брзо, на самиот старт од вториот дел, поточно во 52. минута од средбата, Енис Барди успеа да се запише во листата на стрелците, и да донесе предност од 2-0 за Македонија.

Убава акција од десната страна, Чурлинов додаде до Илиевски, а бекот на нашата репрезентација успеа да центрира и прецизно да го проигра Барди, кој од прва го совлада Бухел за 2-0.

Во 56. минута и Чурлинов се запиша во листата на стрелците, откако по една супер акција доби топка во шеснаесетникот, и ја спроведе во горниот десен агол.

Претходно Елмас со прекрасен гол успеа да донесе предност на полувремето.

Се вчитува...