Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди се огласи на социјалните мрежи откако беше претставен за нов фудбалер на турскиот прволигаш Коњаспор.
„Ново поглавие во мојата кариера. Среќен сум што ќе бидам дел од овој тим на Коњаспор. Ајде да почнеме“, напиша Барди.
View this post on Instagram
Барди со турскиот прволигаш Коњаспор потпиша договор во траење од две години, а како што пренесуваат медиумите од Турција тој годишно ќе заработува околу 500 илјади евра.
Коњаспор ќе биде трет турски прволигаш чии бои ќе ги брани Барди во кариерата, откако претходно настапуваше за Трабзон и за Бодрум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

