Предолго Енис Барди ја грееше клупата на Леванте, но тоа очигледно беше само дополнителен мотив за македонскиот ас кој е најзаслужниот за триумфот на својот тим од 1-3 на гостувањето против Атлетик Билбао со кој Леванте се чини веќе и дефинитивно си обезбедува опстанок во Пример.
Енис Барди последен пат беше стартер во тимот од Валенсија на 10. декември минатата година. Сега повторно се најде во првиот тим и блесна.
Фудбалерот од средниот ред вечерва испиша историја на „Сан Мамеш“, постигнувајќи два гола од слободен удар во рок од три минути, во 42. и во 44. минута за пресврт од 1-0 до 1-2. Тоа е најкраток рок меѓу постигнување на два погодоци од таква ситуација во фудбалска Шпанија. Последен пат еден фудбалер дал два гола од слободен удар во Примера во мај 2012 година, и тоа Бенат Ечеберија на дуелот со Севилја.
Македонскиот репрезентативец на мечот настапи до 71. минута кога беше заменет со српскиот интернационалец Лукиќ.
Леванте до крајот постигна уште еден гол, преку Моралес во 90. минута, за конечна победа од 1-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА