Капитенот на македонскиот национален тим Енис Барди, после два дена собра сила да се огласи после катастрофалниот пораз од Велс во Кардиф од 7-1 во рамките од 8. коло во квалификациите.
Барди на социјалните мрежи напиша дека поразот ја гори душата, и дека има огромно разочарување, но притоа најави подобри денови за националниот тим.
„Тежок пораз, оној што ја гори душата! Велс не удри силно. Болка, разочарување да. Но, ова не е крај. Се уште сме во плехофот во март. Се уште сме живи. Овој пораз треба да не запали, а не да не изгаси. Да се вратиме погладни, поагресивни, поцврсти. Ние не се предаваме. Никогаш!“, напиша Барди.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

