Барди постигна прекрасен гол за Коњаспор (видео)

Енис Барди успеа да се запише меѓу стрелците на Коњаспор, предводејќи го својот тим до триумф на гостувањето против Муспор во рамките од Купот на Турција (1-4).

Конечниот триумф е убедлив, но се беше полесно токму по голот на македонскиот капитен, кој одлично втрча и откако беше проигран во шеснаесетникот мајсторски ја смести топката во мрежата.

Отпорот на домашниот тим беше скршен, по што Коња во вториот дел ја запечати победата и обезбеди пласман во следната фаза од куп-натпреварувањето.

Се вчитува...