Барди: Првпат станав татко, прекрасно чувство, и овој успех од Белгија нека биде за мојата Аја!

ЕКИПА во Гент,

Горан Бошев

На само неколку денови пред синоќешната пресметка со Белгија во Гент, капитенот на македонската репрезентација Енис Барди првпат стана татко добивајќи ја, со својата сопруга, ќеркичката Аја.

Барди, и синоќа во Гент, не го криеше задоволството што го доби и епитетот татко, притоа истакнувајќи дека овој успех со Белгија секако го посветува на Аја.

„Овој резултат може и да го посветам на мојата новородена ќерка Аја… Првпат, станав татко и можам да кажам дека чувството е прекрасно. Сакам еве и преку медиумите да се заблагодарам на сите во репрезентацијата и во ФФМ, кои се како мое семејство, за честитките изминативе денови. Овој бод со Белгија нека биде и честитка и за сите среќни моменти на соиграчите и на личен план“ – ни изјави Барди по ремито со Белгијците.

Се вчитува...