Барди раскина со Трабзон, доби нова понуда од Шпанија

Енис Барди стана слободен играч откако доби раскин на договорот со Трабзонспор, па македонскиот репрезентативец сега може без никаква отштета да ги смени клупските бои и да се пресели во тим каде што ќе може да ги покаже своите квалитети.

Барди неколку месеци беше изолиран од првиот тим и тренираше индивидуално, неговиот тим резултатски продолжи да тоне, а управата конечно се договори со македонскиот репрезентативец околу исплатата на парите што му се должеа, па Барди во овој јануари е слободен играч за да ја избере следната дестинација во кариерата.

Плејмејкерот во меѓувреме доби нова понуда од Шпанија, каде претходно со голем успех го носеше дресот на Леванте. Еспањол е тимот што сега покажува сериозен интерес за Барди, испраќајќи и интересна понуда за во јануари да го донесе македонскиот капитен во своите редови.

Барди има понуди и од Леганес и од Рајо Валјекано, но последните информации говорат дека Еспањол е тимот што моментно е лидер во трката по македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...