Барди: Сакам со Македонија на ЕВРО 2020, ваква шанса се добива еднаш во животот…

Енис Барди со нетрпение го очекува големиот предизвик на репрезентативен план – плејофот од Лигата на Нации. Македонија ја делат само две победи од историски пласман на едно големо фудбалско натпреварување, Барди беше дел од младинската селекција што за првпат се пласираше на ЕП за играчи до 21 година, но јасно е дека предизвикот кога станува збор за А-репрезентацијата.

„Оваа 2020 година ќе биде многу важна, не само за настапите во Леванте, туку и со македонската репрезентација. Во март пред нас е голем предизвик, можеме со Македонија првпат да се пласираме на едно Европско Првенство. Шансата е голема и мораме да ја искористиме бидејќи ваква можност се добива еднаш во животот“ – истакнува Барди.

Тој имаше две одлични шанси во финишот од гостувањето против Атлетико Мадрид, но Јан Облак со извонредни интервенции спречи радост на Барди на „Ванда Метрополитано“.

„Се видовме по натпреварот и со насмевка ми кажа дека сум му дал гол со Македонија, не можел да дозволи да го сторам тоа и со Леванте. Тој е фантастичен голман, еден од најдобрите во светот“ – прокоментира македонскиот интернационалец во дресот на Леванте.

Се вчитува...