Македонскиот репрезентативец Енис Барди, сепак, можеби ќе биде подготвен за деби во Примера дивизијата уште овој викенд во дресот на својот нов клуб, Леванте.
Барди на пријателскиот натпревар со Елче заработи повреда на мускулот поради која првично се сметаше дека го очекува подолга пауза. Но, македонскиот фудбалер вчера веќе се врати на тренинзите на клубот комплетно одработувајќи тренингот на Леванте.
Сето тоа дава надеж за стручниот штаб дека ќе може да се смета на Барди веќе за почетното коло од шпанската Прва лига овој викенд. Леванте својот натпревар од првата рунда во Примера оваа сезона го игра во понеделник (21. август) од 20:15 часот против Вилјареал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА