Македонскиот репрезентативец Енис Барди се врати на тренинзите на Леванте. И покрај тоа што го пропушти стартот на подготовките, сепак, денеска играчот од средниот ред се приклучи на тренинзите на својот тим.
Барди е поврзуван со трансфер во неколку клубови, меѓутоа ова негово приклучување на тренинзите значи дека сега ќе се фокусира кон подготовките, а за неговата иднина ќе одлучи Леванте со кого има договор. Леванте сака да го продаде за да ја покрие некоја дупка во буџетот, но ќе го даде само доколку за него пристигне примамлива понуда.
Леванте е подготвен да го продаде Барди за 8-10 милиони евра.
Во меѓувреме стигна информација дека Ница е последниот клуб кој се интересира за неговите услуги.
Enis Is 𝐁𝐚𝐜𝐤 👍🏻 pic.twitter.com/rtsV2L5HnR
— Levante UD 🐸 (@LevanteUD) July 12, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА