ЕКИПА во Гибралтар,
Владимир Булатовиќ
Еден од најдобрите македонски репрезентативци, Енис Барди без размислување нагласува дека целта на Македонија преку Лигата на нациите е пласман на Европското првенство 2020.
„Нема што да калкулираме, нема што да размислуваме. Јасно е дека ова е голема шанса на генерацијата за пласман на едно Европско првенство. Лигата на нациите нуди можност и за помалите селекции да дојдат до својата цел. Ние не сакаме да потценуваме никого, но секако нашите амбиции се пласман на ЕП“ – вели Барди пред утрешниот старт на ова ново натпреварување на УЕФА и дуелот со Гибралтар.
„Подговени сме за утрешниот дуел. Владее одлична атмосфера во репрезентацијата. Секако нема потценување за противникот, мора да одиграме максимално но веруваме во победа со која во позитивно расположение ќе го чекаме потоа и дуелот со Ерменија на 9. септември во Скопје“ – нагласува фудбалерот на шпански Леванте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

