Барди: Секој пораз боли, но сега треба да гледаме напред

Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди, на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар со Гибралтар истакна дека поразот од Грузија боли, но дека сега треба да се гледа напред и да се мисли како да се добие утрешниот меч.
Барди напомена дека ќе мора да се поправат грешките кои се појавија на претходниот меч, за подобри резултати во последните три меча во Лигата на Нации.
„После секој изгубен меч нормално е да боли и нормално е да мислиш на поразот. Но, тоа е минато и треба да гледаме напред. Мора да ги поправиме нашите грешки. Јас во соблекувална не гледам дека некој не давал максимум. Тоа е фудбалот и некогаш се случуваат и такви работи. Треба да гледаме напред и да продолжиме кон целта. Атмосферата ќе се врати со добри резултати“, рече Барди.

Се вчитува...