Барди со гол ги „замолкна“ најавите за негово заминување од Трабзон (ВИДЕО)

Енис Барди, македонскиот играч од средниот ред на Трабонсор, вечерва стрелаше во натпреварот со Гиресунспор, доведувајќи го својот тим до 0-2 на полувремето.

Барди постигнува гол во миговите кога се погласни се шпекулациите за негово заминување од тимот, и дека тренерот Бјелица не смета на него. Сепак, можеби оваа партија и ќе го смени мислењето и Барди на крајот ќе остане дел од Трабзон.

Се вчитува...