Македонија има водство од 0-1 во Вадуц против Лихтенштајн, а стрелец на голот е Енис Барди. Тој со одлично изведен слободен удар во 53.минута, успеа да ја затресе мрежата на домаќинот. Непосредно пред голот, по фаулот над капитенот Горан Пандев, втор жолт картон и исклучување заработи фудбалерот на Лихтенштајн, Сандро Вајзер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

