Барди: Среќен сум за голот, но поважно е што покажавме дека можеме да се надигруваме со најдобрите

Репрезентативецот на Македонија, Енис Барди продолжува да ја воодушевува светската јавност со неговите игри во дресот на Леванте. Денеска во ремито на неговиот тим против лидерот во Ла лига, Атлетико Мадрид (1-1), Барди беше стрелец на прекрасен погодок.

По натпреварот Барди вели дека е пресреќен за голот, но поважно од се е тоа што тој и соиграчите покажале дека може да се надигруваат и со најдобрите.

„Среќен сум што постигнав гол против Атлетико Мадрид. Среќен сум што освоивме бод против лидерот и покажавме самите на себе дека можеме да се надигруваме со секого. Сега сите среќни ќе си одиме дома“, вели Барди.

Се вчитува...