Барди: Среќен сум за головите, но помило ќе ми беше ако победевме…

Енис Барди со блесок на првиот меч од турското првенство веднаш им покажа на сите во Трабзон дека довеле супер-засилување, откако македонскиот репрезентативец постигна два гола за турскиот првак на дуелот со Анталија.

Барди влезе во игра при резултат 2-0 во 43. минута и со двата погодоци донесе израмнување од 2-2, но Анталија во фуриозен финиш стигна до триумф од 5-2 на овој суперинтересен меч.

„Го одиграв својот прв дуел од турскиот шампионат и можам да кажам дека беше одлично, квалитетот е на високо ниво. Среќен сум што постигнав голови уште на првиот меч, но помило ќе ми беше ако победевме. Сите сме тажни, но од друга страна и јасно ни е дека лигата штотуку почна и има уште многу за играње. Мораме да извлечеме поука и да не ги повториме грешките што ги направивме“, истакна Барди веднаш по мечот во Анталија.

Се вчитува...