ЕКИПА во Торино, Италија
Никола Ѓуровски
Еден од најдобрите македонски фудбалер Енис Барди внесе мал немир во редовите на стручниот штаб на националниот тим за време на првиот тренинг на Македонија по денешното пристигнување во Торино.
Сениорската селекција попладнево на „Сиспорт“ тренинг центарот во Торино го одработи првиот тренинг на италијанско тло, во очекување на квалификацискиот натпревар во петок. Во еден момент, Енис Барди побара лекарска интервенција, по што веднаш дополнително беше бандажирана неговата десна нога.
Сепак, според информациите од лекарскиот тим на нашата репрезентација не се работи за ништо сериозно, а фудбалерот од средниот ред само побарал дополнително осигурување на зглобот…
„Не стравувајте, не се работи за ништо страшно“ – ни смеа дофрли и Барди веднаш по лекарската интервенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА