Барди во гол форма пред Италија: Со двe „бомби“ го сруши противникот (ВИДЕО)

Енис Барди е во топ форма пред дуелот со Италија во Скопје. Македонскиот играч од средниот ред вечерва постигна два гола за Трабзонспор, и тоа двата супер гола, со силни удари кои голманот на Касимпаша немаше никакви шанси.

Првиот гол Барди го постигна во 28. минута откако со удар од преку 20 метри го „матираше“ противничкиот голман за 0-2, а потоа погоди и за 0-4 во 64. минута исто така со силен удар од левата страна.

Барди го напушти теренот во 82. минута.

Се вчитува...