Енис Барди не го криеше задоволството откако денеска и официјално потпиша нов договор со Леванте, со што македонскиот плејмејкер ќе остане дел од тимот од Валенсија до 2022 година.
„Многу сум среќен. Се чувствувам прекрасно овде, особено во последните неколку месеци, ова е мојот дом и не ни помислував на заминување. Една година сум во Леванте, се надевам дека ќе останам уште долго, затоа и го потпишав овој нов договор. Благодарен сум им на тренерите, челниците на клубови, како и на навивачите, за поддршката што ми ја даваат од првиот ден во клубот“ – изјави Барди.
Македонскиот репрезентативец (23 години) досега одигра 38 натпревари за Леванте, притоа постигнувајќи десет погодоци, еден од нив во новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

