Барди во последен момент го одбил ДЦ Јунајтед, сега Олимпијакос е на потег

Шпанскиот „Ондасеро“ од Валенсија пишува дека Енис Барди имал се договорено со ДЦ Јунајтед, но во последен момент македонскиот репреентативец се откажал од намерата да оди во МЛС.

Играчот од средниот ред наводно бил многу блиску да се пресели „преку Атлантикот“, но сега откако нема ништо од тоа, на потег е Олимпијакос кој е во завршни преговори со Македонецот за негов ангажман.

Барди беше поврзуван и со неколку други клубови, како Селта, Олимпик Марсеј, Торино, Брендфорд, а имаше интерес и од Галатасарај.

Покрај Барди, според истиот медиум, грчкиот тим подготвува уште една „бомба“. А тоа е Самуел Умтити, дефанзивецот на Барселона кој е „отпишан“ од Чави, и е во потрага по нов клуб.

Се вчитува...