Трабзонспор синоќа запиша убедлива победа од 4-0 над незгодниот Монако во дуелот „да се биде или не“, тимот на нашиот репрезентативец Енис Барди по ваквиот исход успеа да ги задржи шансите за пласман во следната фаза од Лига Европа.
Еден од најзаслужните за овој триумф беше и Енис Барди. Македонскиот репрезентативец предизвика ерупција на трибините откако постигна извонреден гол од слободен удар, кој го изведе на мајсторски начин.
„Среќен сум за оваа победа и за освоените три бода. Задоволен сум со мојот гол, но најважен е успехот на тимот. Имав проблеми со прекините, работев многу да го подобрам тој дел од мојата игра. Знаев дека живиот ѕид се подготвува да скока, а зад нив не видов никого. Па, реков дека ќе се обидам да шутирам по земја…“, изјави Енис.
Тимот на Барди по овој триумф скокна на второто место на табелата и се врати во игра за пласман во нокаут фазата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

