Интер се соочи со големи финансиски проблеми пред почетокот на новата сезона, но со заминувањата на Ашраф Хакими и Ромелу Лукаку беа собрани средства за „комотна“ сезона. Сега клубот цели кон задржување на играчите кои се лидери на тимот, а токму на оваа тема говореше и спортскиот директор на „нероаѕурите“, Бепе Морота.
Морота во интервју за „Кориере дело спорт“ изјави дека блиску до продолжување на соработка се Николо Барела и Лаутаро Мартиез, но случајот не е ист со хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ.
„Среќен сум бидејќи можам да ви кажам дека речиси се е договорено со Николо Барела и Лаутаро Мартинез и наскоро би требало овие двајца да го потпишат нов договор. Од друга страна пак со Брозовиќ сме се подалеку од договор. Меѓутоа имаме доволно време и верувам дека ќе ги решиме спротивностите“, изјави Марота.
По осум одиграни натпревари актуелниот првак на Италија е на третото место на табелата, а за два дена на „нероаѕурите“ им претстои дерби дуелот со Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА