Барела: Имаме лоши спомени од Македонија, но тоа ќе се смени в сабота

Италијанските репрезентативци максимално сериозно се подготвуваат за дуелот со Македонија, свесни за лошите спомени што ги имаат од претходните пресметки со нашиот национален тим.

Николо Барела, кој е еден од сигурните стартери на Спалети за саботниот меч во Скопје, најави дека „аѕурите“ дефинитивно нема да ја потценат Македонија.

„Знаеме дека ќе биде тешко против Македонија. За жал, традицијата не е на наша страна против овој противник, но решени сме да го промениме тоа в сабота. Сакаме да победиме и да направиме чекор напред кон пласман на ЕП 2024“, изјави Барела.

Фудбалерот на Интер беше прашан и за разликите во методите на работа на новиот селектор Спалети и екс-кормиларот Роберто Манчини.

„Секој тренер има свои сопствени карактеристики. Можам да кажам дека Спалети не ни рече ништо специјално, работиме само на детали, околу поседот на топката, но и околу движењето кога сме во фаза на одбрана. Секогаш ќе му бидам благодарен на Манчини што ме повика уште кога бев во Калјари, сега одиме по нова патека со нов селектор и поинакви идеи“, прокоментира Николо Барела.

Се вчитува...