Тимот на Ал-Хилал остана без услугите на Никола Барела од Интер, откако фудбалерот ја одби понудата од Саудиска Арабија, вредна 150 милиони евра за четири години.
Ал-Хилал најпрво се обиде со 18 милиони по сезона, што беше одбиена, а потоа истиот тим ја зголеми на 35. И тоа беше одбиено, па Барела се одлучи да остане во Серија „А“.
Ал-Хилал планира да ја зголеми и оваа понуда, но Барела засега е цврст на ставот да остане кај „нероазурите“ кој минатата сезона потпиша со клубот до летото 2029 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА