Барела со закана до медиумите: Сите вие сте кловнови, очекувајте тужба

Фудбалерот на Интер, Николо Барела, најави дека ќе поднесе тужба против медиумите кои го поврзуваат со обложувачкиот скандал кој деновиве ја тресе Италија. Барела се огласи на Инстаграм и остро негираше дека има некаква врска со скандалот со Сандро Тонали, Николо Заниоли и Николо Фаџоли.

Тој на Инстаграм  сподели статија во која весникот „Ла Верита“ го споменува неговото име во скандалот со обложување.

„Очекував малку посериозност од весникот „Ла Верита“. Единствената вистина е дека сте кловнови! Предолго молчев и покрај се што се пишува за мене овие денови. Никогаш не сум сакал обложување. Единственото нешто за кое сега се грижам се моите ќерки и моето семејство, кои морам да ги заштитам од ова. Затоа денеска ќе преземам правна постапка“, напиша италијанскиот репрезентативец.

Се вчитува...