Барела се „врза“ со Интер до 2029 година

Интер потврди дека нивниот играч од средниот ред Николо Барела, останува во клубот откако денеска го продолжи договорот со тимот до 2029 година. 27-годишниот Барела е веќе пет години во Интер, откако во 2019 година дојде од Каљари, најпрво како позајмен играч, а потоа со перманентен договор.

Барела кој е со италијанската репрезентација на престојното Европско првенство, искажа задоволство од потпишаниот договор.

„Горд сум и среќен што останувам во Интер. Заедно ќе бидеме дел од нови успеси“, рече Барела.

Следни за продолжување на договорите во Интер се Лаутаро Мартинез и тренерот Симоне Инзаги. Двајцата се веќе договорени, само се чека нивна официјализација.

Се вчитува...