Баркли распали по Ембид: Момче треба да ти биде срам!

Легендарниот НБА играч Чарлс Баркли ги коментираше настапите на Џоел Ембиид за репрезентацијата на САД на Олимписките игри во Париз.

Баркли не е задоволен од она што го виде од центарот на Филаделфија досега на турнирот во Париз.

„Се надевам дека ова ќе го разбуди, ова олимписко искуство. Тој не играше добро и се надевам дека ќе сфати дека мора да биде во подобра форма. Лично мислам дека тоа е една од причините зошто се повреди. Тој не е во добра форма. Момче, ти треба да се срамиш од начинот на кој играше досега на турнирот“, рече Баркли.

Се вчитува...