Баркола донесе победа за ПСЖ против Ле Авр (ВИДЕО)

ПСЖ дополнително се зацврсти на врвот од табелата во француската Лига 1, сега со четири бода предност во однос на второпласираниот Ленс, по победата на гостувањето против Ле Авр.

Парижаните дојдоа до минимална, но и тоа како значајна победа во трката за шампионската круна, од 0-1.

Стрелец на единствениот гол вреден три бода за ПСЖ беше Баркола во 37. минута од средбата.

Се вчитува...