Баркола го спаси ПСЖ од нов „кикс“

ПСЖ ќе мине најмалку 24 часа на чело на табелата во францускиот шшампионат откако „светците“ славеа на гостувањето против Оксер со 0-1.

Фаворитската улога бее оправдана многу потешко од очекувањата откако ПСЖ имаше иницијатива, но промаши бројни шанси во шеснаесетникот на Оксер.

Отпорот на домашниот тим конечно беше скршен во 80. минута, кога Дембеле перфектно асистираше, а Баркола во својата четврта шанса на мечот конечно успеа да ја смести топката во мрежата, за големи три бода на актуелниот европски и француски шампион.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...