Барнли покажа класа и на посебен начин му оддаде почит на починатиот Жота

Барнли во 4. коло од Премиерлигата го пречека бранителот на титулата Ливерпул и одигра сосема солиден натпревар во кој сепак остана без бодови откако гостите го постигнаа единствениот гол на средбата во 95. минута од белата точка.

Навивачите на Ливерпул по натпреварот укажаа на еден потег на домаќинот кој наиде на големо воодушевување кај љубителите на фудбалот низ целиот свет.

Во традиционалната програма за натпреварот меѓу фудбалерите на Ливерпул се најде и името на прерано починатиот Диого Жота. Името на Португалецот беше одбележано со зелена боја.

Се вчитува...