Барселона со минатонеделниот триумф над Атлетико си обезбеди предност од 11 бода на врвот на табелата, што му овозможува на тренерот Ернесто Валверде да експериментира во пресрет на клучниот дел од сезоната во ЛШ. Така, Валверде реши да ги одмори речиси сите „ѕвезеди“ на својот тим за гостувањето против Хуеска, се со цел тие максимално подготвени да го дочекаат реваншот од Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед.
Четирите капитени на каталонскиот гигант нема да се појават во тимот против Хуеска, Пике е суспендиран, додека Меси, Бускетс и Серхио Роберто воопшто не отпатуваа со екипата на ова гостување. Ако на ова се додаде дека Луис Суарез исто така е суспендиран, а во тимот ќе го нема ниту Ракитиќ, јасно е дека Барса со комбиниран состав ќе излезе на овој натпревар. Во отсуство на капитените, лентата ќе му припадне на левиот бек Жорди Алба.
Во каталонската експедиција отпатуваа и тројца младинци, Ваге, Пуиг и Руиз, а се очекува најмалку еден од нив да влезе во игра во второто полувреме против Хуеска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА