Барселона вечерва ќе ја пречека Валенсија во обид експресно да се врати на победнички патеки по разочарувачкото реми со Рајо Валјекано на последниот меч пред репрезентативната пауза.
Барса беше гостин на првите три средби од сезоната, но реконструкцијата на „Камп ноу“ не беше комплетирана навреме па каталонците првиот домашен меч ќе го играат на стадионот „Јохан Кројф“ со капацитет од скромин 6.000 седишта. Згора на тоа, тренерот Ханси Флик нема да може да смета на најдобриот фудбалер Ламин Јамал, кој повреден се врати во Барселона по репрезетативната пауза.
Добра вест е што најдобриот стрелец на тимот, Роберт Левандовски е 100% фит и за првпат сезонава ќе биде стартер. Воедно, за Левандовски ова ќе биде јубилеен 150. меч во дресот нa каталонскиот гигант, а досега има постигато 101 гол и 20 асистенции за овој клуб.
Она што е интересно, Валенсија е омилениот „пациент“ на Полјакот кој има седум гола на пет дуели со вечерашниот ривал, бројка што ќе се обиде дополнително да ја подобри на претстојниот меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

