Барса без полскиот џин на мегдан со Вардар

Роберто Парондо и Чави Пасквал ги избраа ракометарите кои ќе се појават на теренот на СЦ „Јане Сандански“ за денешниот дерби дуел од Лигата на шампионите.

Голем плус за Вардар е враќањето на Вуко Борозан, кој поради суспензија не настап на последниот натпревар со Брест Мешков, а се очекува во ритам да влезе и Дисингер, кој се повеќе се адаптира во тимот по трансферот од Кил.

Чави Пасквал реши од играчите кои беа во комбинација за настап во Скопје да отпадна Камил Сипжак. Полскиот џин во минатото имаше важна улога и во нападот и во одбраната, создавајќи им многу проблеми на „вардарци“, но овојпат нема да биде во тимот на Барса во СЦ „Јане Сандански“.

Се вчитува...