Барса би го продала Умтити за 50 милиони евра

Шпанскиот првак Барселона размислува за продажба на францускиот интернационалец Самуел Умтити. Тој минатата сезона често беше повреден и Клеман Ленгле тоа го искористи за да влезе во централниот стоперски тандем со Жерар Пике. Тренерот Ернесто Валверде е многу задоволен од неговите изданија и најверојатно тој ќе биде во неговите планови за стартниот состав и во новата сезона.

Раководството на Барселона одлучи да ги слушне понудите за Умтити во овој летен преоден рок и доколку пристигне некоја со сума од 50 милиони евра, најверојатно ќе ја прифати. Најголем интерес за Французинот покажа Арсенал, но засега нема толку богата понуда од „Емирати“.

Се вчитува...