Ла Лига ја смета за нелегална одлуката за регистрирање на Дани Олмо и Пау Виктор во Барселона.
Претходно се дозна дека Врховниот спортски совет (ЦСД) застанал на страната на Барселона во спорот со Ла Лига околу регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор. Двајцата играчи ќе останат пријавени до крајот на сезоната.
„Денеска, Високиот спортски совет (ЦСД) ја усвои жалбата поднесена на 7 јануари 2025 година од Барселона, Дани Олмо и Пау Виктор против одбивањето да се регистрираат споменатите играчи од Ла Лига и Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ)“, стои во соопштението.
Ла Лига смета дека одлуката објавена денеска не е во согласност со законот и наведе неколку причини. Затоа ќе биде поднесена жалба.
„Затоа Ла Лига, сметајќи ја гореспоменатата одлука за незаконска, веднаш ќе поднесеме жалба“, се вели во соопштението на Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА