Раководството на Барселона децидно ги демантираше гласините дека е близу до договор со Масимилијано Алегри за италијанскиот стратег да го наследи Луис Енрике на клупата на каталонскиот гигант. По информациите дека Барса му понудила тригодишен договор на Алегри, со своја изјава се јави директорот Роберт Фернандез, кој стави крај на шпекулациите дека овој стручњак би можел да ја води Барселона во следната натпреварувачка сезона.
„Не е точно дека Масимилијано Алегри ќе биде нов тренер на нашиот клуб. Тоа е се што треба да се каже на оваа тема“ – дециден беше Фернандез во изјава за „Кадена Сер“.
Како главни фаворити за тренерската функција кај каталонскиот гигант останувааат помошникот на Луис Енрике, Унзуе, како и актуелниот стратег на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде.
„Унзуе ја знае реалната состојба во клубот, системот на игра и фудбалерите, делува спремно за оваа улога. Што се однесува до Валверде, тој се има докажано и во минатото, не само сезонава во Атлетик Билбао. Сепак, ние се уште не сме ја донеле конечната одлука“ – истакна директорот на каталонскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА