Барса до „Франс Фудбал“: Сите знаат кој е најдобар

Угледниот француски весник „Франс Фудбал“ обелодени дека престижната награда „Златна топка“ нема да се додели поради кризата со коронавирусот. Ова е првпат ова големо признание да не биде доделено, сепак францускиот весник со одлуката сака да стави до знаење дека „оваа година не може да се третира како нормална, па затоа и нема да се додели Златната топка“.

Голем дел од фудбалската јавност беше изненадена од ваквата одлука, но најоригинална реакција беше онаа на Барселона.

„Разбираме, Впрочем, сите знаат кој е најдобар“, напиша каталонскиот гигант на официјалните профили, објавувајќи фотографија од Лионел Меси со освоените шест „златни топки“.

Аргентинецот е најтрофееен во светската историја кога станува збор за ова признание, има една повеќе од големиот ривал Кристијано Роналдо.

Се вчитува...